Министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до граѓаните порачува дека вакцините за коронавирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата.
Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет. Тие ќе се обезбедат преку Ковакс механизмот на СЗО, преку понудата на ЕУ и преку можностите за директни договори со компаниите производители.
„Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури коишто компаниите за производство на вакцини години наназад ги запазуваат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите“
истакна Филипче.
Тој вели дека се повеќе сме сведоци на лажни вести, но уверува дека сите вакцини се безбедни и секој еден граѓанин на кој е индицирана вакцина треба да ја прими за да се стави крај на пандемијата.