„Јас ви ветувам дека нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден и како опозиција будно и интензивно ќе следиме овој процес да оди во правилна насока. Ние сме одговорна и државотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи коишто водат кон расчистување на случајот и идентификување на причините“, изјави лидерот на СДСМ во денешното обраќање
Трагедиите можат да уништат една нација, но можат и да ја зајакнат и од нас зависи како ќе излеземе од сето ова. Како држава што нешто научила и донела правда или како општество што дозволило ова да се заборави, изјави денеска лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче.

Во видеообараќање до граѓаните преку социјалните мрежи, тој еден ден по трагедијата во Кочани побара целосна, транспарентна и објективна истрага за причините за пожарот за враќање на, како што кажа, срозената доверба на граѓаните во институциите во државата.
„Ние сме денеска рането општество. Довербата во институциите е срозена и ако сакаме таа доверба да ја вратиме мора да има целосна транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден, ниту сегашниниту поранешни функционери или службеници, и тоа не е прашање на политика, тоа е прашање на вистина и на правда“,
рече Филипче.
Трагедијата во Кочани, рече тој, е преголема за да се дозволи сенка на сомнеж бидејќи ако постои и најмала индиција дека некој се штити, рече лидерот на СДСМ.
Во таа насока, како што кажа, упатува апел до истражните органи, посочувајќи го Обвинителството редовно да известува за истрагата секој ден, ако е потребно и двапати, за тоа што точно се прави за да се спречат шпекулациите.
Кажа дека не е време за политички пресметки, туку за покажување човечност. Рече оти е потребна одговорност од сите граѓани и оти е потребно единство.
„Јас ви ветувам дека нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден и како опозиција будно и интензивно ќе следиме овој процес да оди во правилна насока. Ние сме одговорна и државотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи коишто водат кон расчистување на случајот и идентификување на причините за истото“,
рече тој.
Истовремено, како што посочи лидерот на СДСМ, како партија го нудат целиот нивен капацитет – човечки и интелектуален да помогнат во овој процес, затоа што, како што во оваа ситуација мора да бидеме сплотени и да покажеме верба во принципите.
„Секој акт на морална одговорност од наша страна ќе биде поздравен. Апелирам до безбедносните служби да пратат евентуални насоки, сигнали за прелевање на некакви кризи , тоа на нашето мултикултурно, мултиетничко општество не му е потребно. Трагедиите можат да уништат една нација, но можат и да ја зајакнат и од нас зависи како ќе излеземе од сето ова. Како држава што нешто научила и донела правда или како општество што дозволило ова да се заборави“, рече тој.
рече тој.
Тој уште еднаш упати сочувство до семејствата на загинатите, на оние кои останале без своите најблиски во трагедијата што ја потресе целата држава.
Како лекар по професија, тој рече дека уште од мигот кога се случи несреќата е во постојан контакт со неговите колеги од Клиничкиот центар во Скопје, притоа уверувајќи ги сите кои имаат повредени и хоспитализирани, дека сите пациенти се максимално добро згрижени, дека се во раце на проверени и докажани лекарски тимови.
„Сега е потреба и поддршка на тие семејства, потребна е поддршка на семејствата на загинатите, се разбира“,
рече тој.
Филипче упати и апел до министерот за здравство, Арбен Таравари, да формира мобилни тимови од Клиниката за психијатрија и другите институции како поддршка на семејствата на повредените и загинатите во несреќата, бидејќи, како што рече, смета дека таква помош е многу потребна.