Велика Британија успеа да спроведе најбрза вакцинација во цела Европа, но се соочи со нов предизвик поради ширењето на варијанта на вирусот што беше откриена во Индија. Неодамна објавените податоци покажуваат 10% зголемување на заразените
Две дози од вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и „Астра Зенека“ се ефикасни против индискиот вид коронавирус, покажа студија спроведена во Англија.
Според овие податоци, вакцината „Фајзер/Бионтек“ е 88% ефикасна против индискиот вид, две недели по приемот на втората доза, додека две дози „Астра Зенека“ се 60% ефикасни против оваа варијанта.
Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, објави дека податоците се исклучително важни и дека се надева дека се повеќе земји ќе ги укинат ограничувачките мерки воведени поради коронавирусот.
„Сè повеќе сум сигурен дека сме на патот кон големо откритие, бидејќи овие податоци потврдуваат дека вакцините е ефикасна против индиската варијанта по две дози“,
рече Ханкок.
Според плановите на британската влада, рестриктивните мерки ќе бидат укинати на 21 јуни.
Велика Британија успеа да спроведе најбрза вакцинација во цела Европа, но се соочи со нов предизвик поради ширењето на варијанта на вирусот што беше откриена во Индија.