Сведоци изјавиле дека, сепак, лавата го зафатила патот што го поврзува Гома со градот Бени, во провинцијата Северен Киву
Владата на Демократска Република Конго активираше план за евакуација на граѓаните од Гома по ерупцијата на вулканот Њирагонго, откако лавата стигна до аеродромот во близина на градот.

Според Ројтерс, жителите со најнеопходните работи и со душеци побегнале кон границата со соседна Руанда, додека целото небо над градот било црвено.
Вулканологот Дарио Тедеско за Ројтерс најпрво изјави дека се чини дека Гома, град со околу два милиони жители, не е во опасност, а лавата тече кон исток, во правец на границата со Руанда.
Но, сведоци изјавиле дека, сепак, лавата го зафатила патот што го поврзува Гома со градот Бени, во провинцијата Северен Киву.
Њирагонго еруптира за прв пат по скоро две децении.
Претходна ерупција била во 2002 година уби стотици луѓе и ги поплави пистите на аеродромот со лава. Конфузија внесоа локалните власти, кои првично објавија дека вулканот Њамулагира еруптирал, кој е на околу 13 километри од Њирагонго.
Гома се наоѓа во источен Конго, долж границата со Руанда, и е регионален штаб на хуманитарни организации и мировна мисија на ООН (МОНУСКО).