Од украинското министерство за одбрана додаваат дека Русите реагирале со подигнување на воени авиони и хеликоптери
Неколку експлозии се слушнале во текот на ноќта во источниот дел на Крим. Русија тврди дека соборила неколку ракети со долг дострел АТАЦМС испратени во Украина од Соединетите Американски Држави. Локалните телеграм-канали информираа за серија експлозии во градот Керч во источниот дел на Крим во текот на ноќта. Рускиот независен медиум „Астра“ објави дека во градот се слушнале околу 20 експлозии, повикувајќи се на изјави на локални жители.
Руското министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана соборила осум ракети АТАЦМС во текот на ноќта над Азовското Море, како и осум беспилотни летала над Црното Море во близина на Крим.
Николај Лукашенко, рускиот министер за транспорт на Крим, изјави дека два ферибота биле оштетени од ракетни шрапнели. Нема жртви, рече тој во изјавата објавена на социјалните мрежи, а која ја пренесоа руските државни медиуми. Сообраќајот е привремено запрен преку мостот Керк, додал тој.
Украина: Погоден е магацин
Украина објави дека е погоден бродски магацин.
„Ноќта на 30 мај 2024 година, специјалната единица на ГУР на Министерството за одбрана на Украина ‘Група 13’ со помош на беспилотни летала на украинската морнарица Магура В5 успешно го нападна бродското складиште на Русија во окупираниот Крим“,
соопшти украинското министерство за одбрана.
Оттаму посочуваат дека уништиле два брода, а објавија и видео.
?? Ukrainian Magura V5 drones destroys two enemy boats in Crimea, – GUR
— MAKS 24 ??? (@Maks_NAFO_FELLA) May 30, 2024
? According to preliminary data, two KS-701 “Tunets” high-speed transport landing craft were destroyed. pic.twitter.com/lzCTLP88IJ
Од украинското министерство за одбрана додаваат дека Русите реагирале со подигнување на воени авиони и хеликоптери.