За време, пак, на неформалниот дел од неодамна одржаниот Самит во Солун, при претставувањето на премиерот Димитар Ковачевски од страна на грчкиот премиер Мицотакис пред германскиот канцелар Шолц, Еди Рама се вклучи и го ослови Ковачевски како „премиер на идна Западна Бугарија“
Премиерот на Албанија, Еди Рама, повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
„Поздрав од Источна Македонија“,
рече Рама при ракувањето со европската тројка предизвикувајќи смеа кај присутните.

Во веста што ја пренесува РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ.
За време на неформалниот дел од неодамна одржаниот Самит во Солун, при претставувањето на премиерот Димитар Ковачевски од страна на грчкиот премиер Мицотакис пред германскиот канцелар Шолц, Еди Рама се вклучи и го ослови Ковачевски како „премиер на идна Западна Бугарија“.
Ваквото однесување во дел од македонската јавност беше оценето како непристојно, додека Рама објасни дека тоа било сарказам кон Бугарија и иронија со Европската Унија.