Засега не се познати деталите од рочиштето на кое беше сослушуван членот на Претседателството на БиХ, но се знае дека се работи за „Павловиќ банка“, односно за купување вила на Дедиње во Белград
Заврши сослушувањето на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, во Обвинителството на БиХ, по што следуваше срамен чин. При пристигнувањето и заминувањето, Додик ги „поздрави“ новинарите покажувајќи среден прст.
Лидерот на СНСД уште еднаш демонстрираше вулгарност и непримерно однесување кое член на Претседателството на БиХ не треба да си го дозволи. Не може да се процени кому точно е тоа адресирано, со оглед на големиот број присутни новинарски екипи, но со сигурност можеме да кажеме дека овој потег ја надмина дури и несоодветната рамка на однесување на која сме навикнати, коментира босанскиот портал „klix.ba“.
Засега не се познати деталите од рочиштето, но се знае дека се работи за „Павловиќ банка“, односно за купување вила на Дедиње во Белград.
Од Обвинителството на БиХ претходно изјавија за N1 дека случајот „Банка Павловиќ“ е во фаза на истрага.
„Истрагата за случајот беше наредена во февруари 2016 година. Во текот на истрагата, меѓу другото, побарана е меѓународна правна помош од Обвинителството за организиран криминал на Република Србија. Обвинителството на БиХ сè уште нема добиено докази од Обвинителството за организиран криминал на Србија, а ти се прибираат. Обвинителската одлука за случајот ќе биде донесена кога ќе се исполнат сите потребни услови“,
велат тие.