Согласно законските одредби, рокот е 24 часа, што значи судот можел да одлучува до понеделник до 15 часот, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено, изјави првиот човек на скопска единица
Од моментот кога во судот пристигна барањето за домашен притвор на Сашо Мијалков до издавањето на судското решение поминаа само три и пол часа, и тоа е најбрз можен рок во кој Кривичниот суд одлучил, изјави денеска претседателот на скопска единица Иван Џолев во Штип.
„Предлогот за притвор во судот стигна во недела во 15 часот, а одлуката е донесена во 18:30 часот. Сите познавачи на судството во Македонија ќе ви кажат дека судот одлучувал во најбрз можен временски период. Согласно законските одредби, рокот е 24 часа, што значи судот можел да одлучува до понеделник до 15 часот, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено“,
рече Џолев одговарајќи на новинарско прашање зошто се чекало толку време за судот да му издаде решение за домашен притвор на Мијалков.