На блокадата пред Владата се обрати и Бети Ангеловска, мајка на Емилија од Битола, која зборуваше за насилството низ кое поминувала нејзината ќерка и за изостанатата институционална заштита. Посочи и дека осомничениот поднел пријава против Емилија тврдејќи дека таа го нападнала него
Меѓу присутните беше Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, како и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски
„Мал престап жени убива, брат“, „Кој ви даде право да нè убивате“ се дел од пораките кои ги упатија учесничките на протестот против фемицидите, родово базираното насилство и институционалните пропусти во заштитата на жените, во организација на иницијативата „Ниту една повеќе“.
Ова следува по случајот со 26-годишната охриѓанка, која минатиот викенд беше претепана од својот 31-годишен партнер, против кого е поднесено обвинение за три кривични дела и му е одреден 30-дневен притвор.

Учесниците на протестот извикуваа „Сите за една, една за сите“, „Жени, живот, слобода“.
Порачаа дека нема да престанат да бараат правда, како и одговорност од институциите.
На блокадата пред Владата се обрати и Бети Ангеловска, мајка на Емилија од Битола, која зборуваше за насилството низ кое поминувала нејзината ќерка и за изостанатата институционална заштита.

Побара од Јавното обвинителство темелно да ги прегледа телефоните на нејзината ќерка, кои се одземени за вештачење бидејќи, како што рече, во нив има видеоснимки, фотографии и други материјали за насилството на кое била изложена.
„Го молам министерот, го молам Јавното обвинителство, телефоните се земени на вештачење. Во нив има снимки, видеа, материјали, слики. Убаво да ги прегледаат телефоните, има внатре сешто да се види за наредната година наназад“,
рече Ангеловска.
Тврди дека нејзината ќерка била изложена на насилство подолг период и дека лично ги видела фотографиите од повредите.
Посочи и дека осомничениот поднел пријава против Емилија, тврдејќи дека таа го нападнала него.
Ангеловска најави дека нема да се откаже од кривичната пријава и дека ќе бара одговорност од институциите.
„Јас ја израснав сама, 21 година. Нема да дозволам некој да ми го уништи чупето. Ќе одам до крај, секој ден ако треба, додека не излезе правдата за мојата ќерка“,
кажа таа
Упати апел до девојките и жените што се соочуваат со насилство да не молчат и да го пријават.
Меѓу присутните беше Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, како и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
