Од ИДФ соопштија дека цел биле милитантите на Хамас во областа и оти се запознаени со информациите дека од нападот имало пожар кој предизвикал штета на цивилите

Министерството за здравство на Хамас објави дека десетици луѓе, меѓу кои и жени и деца, загинале или се повредени во експлозија во бегалски камп во областа Рафах, пренесува Би-би-си.
Израелските одбранбени сили (ИДФ), во објава на социјалната мрежа Икс, потврдија дека извршиле воздушен напад врз објект на Хамас во областа.
Вчера Хамас истрела осум ракети од Рафах кон Тел Авив, што е прв напад со долг дострел врз градот од јануари. На снимките од јужниот дел на Појасот Газа, кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види дека имало голема експлозија и интензивни пожари.
Ne détournez pas le regard, retweeter, liker tout ce qui ce passe à Rafah c’est un GÉNOCIDE, déplacer des humains dans un endroit et les tuer c’est UN GÉNOCIDE ne laissez plus les autres donner un autre nom à ce qui se passe pic.twitter.com/vsJZ9dtRXs
— syl? (@syylllia) May 26, 2024
Хамас соопшти дека израелскиот воздушен напад погодил камп за раселените Палестинци северозападно од Рафах, кој е далеку од неодамнешните воени операции во одредена зона за хуманитарна безбедност.
Од ИДФ соопштија дека цел биле милитантите на Хамас во областа и оти се запознаени со информациите дека нападот предизвикал пожар кој предизвикал штета на цивилите.
„Нападот беше изведен против легитимни цели според меѓународното право, преку употреба на прецизна муниција и врз основа на прецизни разузнавачки информации кои укажуваа на присуството на Хамас на областа. ИДФ е запознаена со извештаите кои укажуваат дека како резултат на ударот и последователниот пожарот, неколку цивили на местото настрадале. Инцидентот се разгледува“,
се вели во објавата од ИДФ на Икс.
Ти додаваат дека елиминирале двајца високи функционери на Хамас – Јасин Рабија и Калед Нагар.
?Eliminated in the precise airstrike in northwest Rafah: Hamas Chief of Staff in Judea and Samaria and an additional senior Hamas official.
— Israel Defense Forces (@IDF) May 26, 2024
Terrorist #1: Yassin Rabia
Rabia managed the entirety of Hamas’ terrorist activity in Judea and Samaria, transferred funds to terrorist… https://t.co/iaGrw8WJ4f
Министерството за здравство на Хамас, пак, соопшти дека во израелскиот напад загинале 35 лица, а десетици се повредени.
Портпаролот на палестинската Црвена полумесечина, како што пренесува новинската агенција „Асошиејтед прес“, рече дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми и оти се продолжува со напорите за пребарување и спасување во населбата Тал ал Султан во Рафах, околу два километри северозападно од центарот на градот.
Претходно вчера се огласија сирени за воздушен напад околу Тел Авив, додека централен Израел беше под оган од ракети на Хамас истрелани во близина на Рафах. Осум ракети или биле пресретнати од противвоздушни одбранбени системи или паднале на полиња.
Израелската воена офанзива продолжи во Рафах, и покрај минатонеделната пресуда на Меѓународниот суд на правдата дека мора да престане.
Ракетниот напад се случи пред понатамошните преговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои треба да продолжат следната недела.
Израелската воена офанзива во Газа започна откако вооружени лица предводени од Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1 200 луѓе и зедоа 252 лица назад во Газа како заложници.
Според Министерството за здравство во Газа управувано од Хамас, оттогаш во војната се убиени речиси 36 000 Палестинци.