Дали зголемувањето од 60 проценти на заболени од сезонски груп годинава во споредба со лани е можен показател дека коронавирусот бил во земјава многу пред официјално да биде потврден, дали примерот со новинарот на Канал 5, кого алгоритамот не го препорачал за тестирање, е сигнал дека е потребна промена на пристапот, за досегашниот и идниот тек на заразата – вечерва (10 април 2020 г.) од 22:00 часот во „360 степени“ на ТВ Алсат разговараме со директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.
За најавената телефонска апликација што ќе ги бележи нашите контакти од аспект на човековите права и за состојбата во затворите ќе ја прашаме извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.