Од МВР информираат дека четворицата повредени се пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но засега не е позната сериозноста на нивните повреди
Четири лица се повредени и пренесени во болница по сообраќајната несреќа што вечерва се случи кај мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Во несреќата, која се случила нешто пред 21 часот, учествувале автомобили „шкода” и „бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблички.
„Околу 20:55 часот е пријавено дека на булевар ‘Гоце Делчев’ на кракот со улица ‘Лазар Личеноски’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘шкода’ со скопски регистарски таблички и патничко возило ‘бе-ем-ве’ со скопски регистарски таблички. Возилото ‘шкода’ се превртело и се запалило“,
информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека четворицата повредени се пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но засега не е позната сериозноста на нивните повреди и состојбата во која се наоѓаат.
Сообраќајот на овој потег се одвива во една коловозна лента.