Американската амбасадорка Кејт Брнз, во интервју за „360 Степени“, рече дека очекува процесот за членство на земјава во НАТО да биде комплетиран и С. Македонија да стане членка на Алијансата во следните неколку недели.
„Ова е голема работа, тоа е признание за значајниот напредок што земјата го направи и тоа го славиме. Знам дека со нетрпение очекуваме да го прославиме на историски начин во Вашингтон, исто како овде во Скопје, во Брисел и на други места“,
рече Брнз.
Во однос на тезите според кои завршувањето на процедурата за зачленување на земјава во НАТО е темпирано среде изборна камапња за да и се помогне на актуелната власт, Барнс вели дека ова прашање е јасно уште од самитот во Букурешт во 2008 година.
„Декларацијата од Самитот јасно кажа дека покана до поранешната Југословенска Република Македонија ќе упатена веднаш штом заеднички прифатливо решение за името биде постигнато. Во јуни 2018 година договор беше потпишан, потоа ратификуван и во февруари 2019 НАТО ја прати поканата за членство. Потоа стартуваа процеси на поединечни ратификации на протколот во секоја од земјите-членки на НАТО, во согласност со обврските преземени од Самитот во Букурешт. Тој процес е речиси завршен – преостанува уште една членка која е многу блиску до финиширање на процедурата. Ова е нешто што граѓаните на Северна Македонија долго време го посакуваа, и на што и НАТО беше посветен, и сме на прагот на конечно исполнување и тоа е нешто што земјава го заслужува“,
рече Брнз.
Целосниот транскрипт од интервјуто можете да го прочитате тука.