Автобусот конечно бил ослободен дури откако целиот багаж бил изваден од него

Автобус што превезувал полски средношколци вчера заглавил на товарната рампа на траектот на линијата Оребиќ-Корчула, со што сообраќајот беше целосно запрен повеќе од еден час, објави хрватски „Индекс“.
Траектот требало да тргне во 14 часот, но автобусот не можел да се качи или да излезе од него. Според сведоштва, капетанот на траектот се обидел со маневрирање да го ослободи автобусот, но без успех.
Снимката што „Индекс“ ја добиле од читател, ги прикажува патниците однадвор како го туркаат и тресат автобусот нагоре, обидувајќи се да го поместат. И вработените во „Јадролинија“ се обиделе да го решат проблемот и со помош на синџири за снег, но ниту тоа не помогнало.
Автобусот конечно бил ослободен дури откако целиот багаж бил изваден од него.
Траектната линија била прекината во двата правци. Возила чекале и во Оребиќ и на Корчула.
„Индекс“ побарал информации од „Јадролинија“, полицијата, Итната медицинска помош и од Капетанијата.
