Според крајбрежната стража, проблемот најверојатно е предизвикан од птица која удрила во авионот
Десниот мотор на авионот „боинг“ на кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ се запалил денеска веднаш по полетувањето од аеродромот „Фиумичино“ во Рим.
Авионот „боинг 787-9 дримлајнер“, кој полетал за кинескиот град Шенжен со 249 патници и 16 членови на екипажот, по 55 минути од полетувањето, се вратил и безбедно слетал откако го испуштил горивото во морето.
„Настанот се случи кога авионот полетуваше од пистата и десниот мотор почна да гори на околу 2000 стапки, што доведе до одлука на пилотите да престанат да се искачуваат и да започне постапката за враќање назад на аеродромот“,
се вели во објава на „Авиејшн њуз“ на Икс.
After 11 circular holding patterns and 50 minutes in the air, a 2018 built Hainan Airlines Boeing 787-9 Dreamliner (B-1119) retuned back to Leonardo da Vinci Rome Fiumicino Airport (FCO) few hours ago owing to issues with the Right engine.
— FL360aero (@fl360aero) November 10, 2024
The event took place when the General… pic.twitter.com/XTjFQz72QL
Според крајбрежната стража, проблемот најверојатно е предизвикан од птица која удрила во авионот.
На аеродромот „Фиумичино“ немаше застој во авиосообраќајот.
Ударите од птици се вообичаени и можат да претставуваат значителна закана за безбедноста на авионите.
NOV 11: Hainan Airlines Boeing 787-9 (B-1119, built 2018) experienced a series of engine surges in the early climb-out of runway 16R at Rome-Intl AP (LIRF), Italy. Flight #HU438 to Shenzhen entered a holding pattern and safely returned to land 55 min later. pic.twitter.com/EK7aX2Etb6
— JACDECNews (@JacdecNews) November 10, 2024