Македонскиот репрезентативец Адеми помина 13 години во Динамо Загреб и за овој период стана најтрофеен фудбалер во историјата на клубот, а долги години беше капитен. Својата кариера ќе ја продолжи во Пекинг Гуан
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, по 13 години поминати во хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб, својата кариера ќе ја продолжи во Пекинг Гуан.

Пред заминувањето за Кина, тој даде опширно интервју за јутјуб-каналот на Динамо.
Зборуваше за емоциите и за сето она што клубот го предизвикал кај него. Потсети и на најголемите победи и на најубавите спомени што ќе ги понесе со себе од Загреб.
На почетокот на интервјуто, неговите соиграчи преку емотивни видеопораки се збогуваа со него.
„Ти беше наш лидер, водач на оваа генерација, ти беше автор на сите наши успеси. Се надевам дека за некое време ќе се сретнеме повторно. Со среќа, пријателе“,
гласи пораката од Доминик Ливаковиќ.
„Еј, капитене! Сега тебе сигурно ти е потешко, но и нам не ни е сеедно. Не верувам дека некој ќе ти биде благодарен колку што сме ние, за сè што ми даде на теренот, а особено за она што ми го даде надвор од теренот. Сигурен сум дека ова не е нашиот крај, ти посакувам многу среќа“,
порача Бруно Петковиќ во пораката до Адеми.
Адеми помина 13 години во Динамо Загреб и за овој период стана најтрофеен фудбалер во историјата на клубот, а долги години беше капитен.