Текстот на песната е на дијалект и е тежок за превод, но упатени велат дека пораката не треба да се бара во стиховите туку во доброто расположение на Ахмети
Со песната, како што објави и Алмакос, Ахмети наводно ѝ одговара на т.н. „огнена група“ од партијата чии членови вчера од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“
На социјалните мрежи и во медиумите денеска кружи видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најверојатно, во својата канцеларија, опуштено, со цигара в рака, пее песна на албански јазик.
Текстот на песната е на дијалект и е тежок за превод, но упатени велат дека пораката не треба да се бара во стиховите туку во доброто расположение на Ахмети.
Со песната, како што објави и Алмакос, Ахмети наводно ѝ одговара на т.н. „огнена група“ од партијата чии членови вчера му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.
„Огнената група“ вчера во Студеничани ја одржа првата од низата средби што ги најавија со граѓани и членови на партијата.
Од собирот повторија дека се непоколебливи во поддршката кон нивниот лидер Али Ахмети, но и му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.