Претседателот на Демократската унија за интеграција пред присутните на овој митинг рече дека Гостивар заслужува подобро, повеќе и пред се промени
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), ја заврши кампањата за локалните избори со митингот што се одржа вечерва во општина Гостивар каде го претстави кандидатот за градоначалник на оваа општина Невзат Бејта и листата на советници предводена од Африм Аручи.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети пред присутните на овој митинг рече дека Гостивар заслужува подобро, повеќе и пред се промени.

„Дојдов денес пред вас да го повикам секој граѓанин на Гостивар, бидејќи нашата агенда е европска, а таа е иднината. Нашата платформа е здравје кое го одржува животот, затоа поддршката нека биде безрезервна. Ги повикувам сите дека нема да ги посрамиме….Сега имаме нова мисија, со мисионери и никогаш нема да се срамите и жалите за поддршката што ќе му ја дадете на Невзат Бејта, бидејќи знам дека тој е подготвен и ќе му даде на градот соодветниот сјај“,
нагласи Ахмети.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека Демократската унија за интеграција во оваа изборна кампања, од Липково до Струга пред гласачите има претставено квалитетна програма, ја претстави Зелената агенда која во себе содржи живот, и во ниту еден момент не се занимава со политички противници на кои најдобариот одговор ќе им го дадат граѓаните во недела, денот на гласањето.
„Денес сме пред вас да ве повикаме, и заедно да оцениме што е направено, а што не е направено во овие 4 години. Кога сум сега на овие теми, станува збор за она што се памти во 2005-2009 година, за чистење на центарот што беше претворен во центар на злото. Мора да гласиме за број 3 задутре, денот на нашата победничка недела“,
рече Џафери.

Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта им порача на граѓаните дека се кандидира за сите граѓани, со искрени намери.
„Јас не се кандидирам за мојата кариера, јас се кандидирам за граѓаните, за сите граѓани, без разлика дали сте Албанци, Македонци, Турци или Роми. Верувам дека сите ние сме браќа и сестри овде во Гостивар и дека живееме во меѓусебна почит кон нашата историја, традиции и култура. Овие се локални избори, овие избори се за изградба на подобро место за живеење за сите нас. Заедно, а не разделени“,
нагласи Бејта.