Во „360 степени“ објавуваме:
– Во пресрет на локалните избори: Како функционираат уредите за биометриска идентификација на гласачите на „Дермалог“ и можни ли се, сепак, проблеми и злоупотреби – го прашавме претседателот на ДИК, Александар Даштевски;
– Дали писмо од американската амбасада до надлежната собраниска комисија го одложи пополнувањето на испразнетите места во Уставниот суд за по изборите? Шефот на Комисијата од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, се сокри од прашањата на „360 степени“;
– Виси и третиот обид за сервисирање на „ер-тракторите“, кои останаа приземјени за време на големите летни пожари. Шпанската компанија, која е досегашен сервисер, ја обвинува Дирекцијата за заштита и спасување за незнаење и непочитување на законите;
– Знаете ли што кањонинг – ако не, дознајте од прва рака преку сторијата за адреналинските тури во Мариово;
– „Саботажа“.
Емисијата е емитувана на 13 септември 2021 г. од 22 часот на ТВ Алсат