Во вечерашното издание на емисијата „360 Степени“:
-Дивоградбата во Гази Баба продолжува да расте: Сите знаат дека се гради незаконски, но никој не презема ништо конкретно повикувајќи се на закон;
-Фирмата „СВ-Инвест“, која до преклани работеше со профит кој се мери во милиони евра, отиде во стечај. Како наеднаш пропаѓа една од најголемите битолски фирми, која опозицијата ја поврзува со врвот на Владата;
-Судот не е убеден дека национализираниот имот на Градиште не може да им се врати на пештанци. И експерти сметаат дека комисијата за денационализација погрешно го толкува и применува законот;
-Управувањето со отпадот останува хроничен проблем за Тетово: Граѓани се жалат и критикуваат, но градоначалничката Арифи не гледа толку црно на работите;
-„Саботажа“.