Во синоќешното издание на „360 степени“:
– Премногу ли е да се очекува пласман на фудбалската репрезентација во осминафиналето на Европското првенство – анализираат поранешните репрезентативци Дарко Панчев и Неџмедин Мемеди, како и спортскиот коментатор Атанас Костовски;
– Случај „Една цена на учебниците во книжарница, повисока за МОН“: И кога има очигледно прекршување на закон, нема кој да го казни – инспекторатите креваат раменици;
– Го нарекуваа најголема пералница на пари и урбанистички геноцид на главниот град, но од „Скопје 2014“ е отстранет само еден споменик, а никој не е прогласен за виновен – зошто;
– Објект во Ченто како парадигма за дивата градба – пред две недели имаше столбови, а сега и плоча. Локалната власт морала да чека епилог од потенцијална жалба;
– „Саботажа“.