Во вечерашното издание на „360 степени“:
-Што ќе бидат последиците од нов закон за легализација на довоградби – слика од заштитеното подрачје на Осоговските планини и од срцето на Скопје – Дуќанџик;
-Рашковски – владиниот генерален секретар, купил уште патент од Рашковски-иноваторот што не го користи ниедна институција: Кабина за гласање за 105 илјади евра народни пари;
-Во очекување на следните потези на португалското претседателство со ЕУ – бугарскиот претседател Радев вели дека станал многу интересен за европските лидери и дека дневно зборува со по двајца премиери, еден претседател и еден комесар;
-Бислимска клисура: Нова локација за активен туризам – репортажа;
-„Саботажа“.