Во вечерашното издание на „360 степени“:
-Реизборот на Муамед Сејдини за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) под лупа не само поради неусогласеност на Статутот со законот, туку и поради индиции дека и неусогласениот Статут се изигрува; ФФМ не одговори официјално на прашањата на „360 степени“;
-Нема одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ – Жосеп Борел по денешната дебата на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата; Вреди да се направи уште еден обид, вели Заев од Брисел пред јунските самити на ЕУ;
-Случајот со просторот кај „Холидеј ин“ се пресликува на парцелите кај некогашната фабрика „Треска“ – чии интереси ќе победат;
-„Титаник 3“, во кој се гонат функционерите на ДУИ – Алими и Гури, пред пресуда од Апелација; Случајот продолжуваат да го следат контроверзии;
-„Саботажа“.