Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (18 мај 2020 г.):
-Првична анализа по денешната лидерска средба – можно ли е Заев да реши да оди на избори пред летото без учество на најголемата опозициска партија;
-ДИК првпат во историјата прави обиди да набави изборен материјал и транспорт во транспарентни постапки – првите тендери се поништени, па реобјавени;
-Една недела по сторијата за полициското постапување за време на полицискиот час се вративме во Тетово и затекнавме уште похаотична состојба;
-Првенци во македонското судство не исклучуваат дека сите казни за непочитување на мерките во актуелната криза ќе завршат со амнестија; Од Јавното обвинителство не се согласуваат;
-Какви се последиците за локалната економија во Гевгелија поради затворената граница со Грција;
-„Саботажа“.