Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (27 април 2020 г.):
-СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови за Уредбата со која беа замрзнати изборните дејства – зборуваат Мухамед Зеќири, Игор Јанушев и претседателот на ДИК, Оливер Дерковски;
-За ефектите од мерката за задолжително носење маски и искуствата од Европа – Чешка има трипати помалку заразени и починати од Германија;
-И во Македонија почнува лекувањето на ковид-19 со крвна плазма од излекувани – мини-интервју со д-р Рада Грубовиќ-Растворцева од Институтот за трансфузиона медицина;
-Активизам во време на полициски час – неколку ентузијастки им носат вода и храна на бездомните животни;
-За борбата против корупцијата во време на вонредна состојба – проверивме за четири теми дали има поместување неколку месеци по првите стории;
-Дали и како коронавирусот ќе влијае на одржувањето на првата меѓувладина седница ЕУ-Северна Македонија – зборуваат Флоријан Бибер и Зоран Нечев од БИЕПАГ;
-„Саботажа“.