Исклучително отворен и содржински информативен и едукативен разговор со д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје и д-р Катерина Спасовска, инфектолог од Клиниката за инфективни болести во новото издание на „360 Степени“ (20 март 2020 г.).
Докторите, секој од свој аспект, одговараат на прашања за епидемиолошката состојба во Скопје и во кризното подрачје на Дебар и Центар Жупа, најавите за масовно тестирање на населението, проекциите за можен развој на заразата во земјава, клиничката слика на досега заразените во Македонија, начинот на кој се лекуваат тие, атмосферата меѓу персоналот на Инфективната клиника…