Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (27 јануари 2020 г.):
-дали со ваков квалитет на амбиенталниот воздух Северна Македонија може да стане членка на Европската Унија; какви се примерите од Полска и Чешка;
-истражување за трошењето народни пари за приватна механизација во РЕК Битола – за две децении потрошени се 370 милиони евра, најмногу во 2013 г. – 50 милиони, најмногу по мегават час произведена струја во 2016 г.;
-како добронамерна идеја може да заглави на граѓанска неодговорност и слаб институционален капацитет: сторија за монтажните лизгалишта поставени во седум града;
-истекува рокот што земјава го доби за извештај до УНЕСКО за ургентните задачи со цел Охрид да не биде ставен на листата на светско наследство во опасност: Владата задоволна, невладините обвинуваат за нова „шминка“;
-„Саботажа“.