Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (20 јануари 2020 г.):
-бевме на гости кај Атиџе во „Медена земја“ (недопрената дивина кај с. Бекирлија) и разговаравме со кинематограферот Фејми Даут како се снимал филмот со две номинации за „Оскар“;
-Европската Унија ќе почне со мониторинг на сите судски процеси за сериозна корупција и организиран криминал – деталите ги открива евроамбасадорот Самуел Жбогар;
-Манчевски предложи закон за висока административна служба, опозицијата е против, експертската јавност – поделена;
-вообичаено притаената светски призната славистка Зузана Тополињска реши да проговори по последниот бран негирања на македонскиот јазик од бугарска страна;
-„Саботажа“.