„Во документот компанијата јасно наведува дека станува збор за дата-центар што треба да го развиваат кај нас, дека е обезбеден капацитет на струја од 100 мегавати, дека имаат директен пристап до реката Вардар и високоефикасниот капацитет на Вардар ваквите центри да ги лади, како од страна на Владата целосно е потврдено дека со овој проект може да се продолжи“, вели тој
На прес-конференцијата Филипче предупреди на сериозни ризици од изградбата на дата-центрите врз водните ресурси, земјоделството и цената на електричната енергија. Ваквите центри додаде дека користат големи количества вода, што може да има последици врз реките, биодиверзитетот и водоснабдувањето на земјоделските површини
Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска на прес-конференција објави документ од компанија која, како што посочи, тврди дека за изградба на дата-центар во земјава веќе има обезбедено капацитет од 100 мегавати електрична енергија, како и директен пристап до реката Вардар.

Според него, документот е објавен пред три месеци и е уште еден показател дека Владата работи под маса, без јавноста да биде информирана за проектите и нивното влијание врз ресурсите.
„Во документот компанијата јасно наведува дека станува збор за дата-центар што треба да го развиваат кај нас, дека е обезбеден капацитет на струја од 100 мегавати, дека имаат директен пристап до реката Вардар и високо ефикасниот капацитет на Вардар ваквите центри да ги лади, како од страна на Владата целосно е потврдено дека со овој проект може да се продолжи“,
вели Филипче.

Истовремено, тој ги повика новинарите да ги истражат податоците од документот и да утврдат како и под кои услови се обезбедени овие капацитети.
„Ќе го споделам овој документ со новинарите, со цел да се истражи и граѓаните да знаат што се прави под масата, зад нивниот грб, на нивна штета, трошејќи ги и ставајќи го во ризик водните капацитети насекаде низ државата, капацитетите на струја, кои и онака прескапо ги плаќаме поради тоа што оваа власт не знае тој систем да го менаџира“,
рече тој.
Посочи дека изградбата на ваков дата-центар би значело користење на значајни количини електрична енергија и водни ресурси, особено имајќи го предвид наведениот директен пристап до реката Вардар.
На прес-конференцијата Филипче предупреди на сериозни ризици од изградбата на дата-центрите врз водните ресурси, земјоделството и цената на електричната енергија.
Ваквите центри додаде дека користат големи количества вода, што може да има последици врз реките, биодиверзитетот и водоснабдувањето на земјоделските површини.
„Дали огромната количина на вода што ќе ја користат дата-центрите, што криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Дали тоа значи дека ова целосно запоставување на земјоделскиот секор дополнително ќе претрпи удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на таканаречените дата-центри“,
праша лидерот на опозицијата.
Смета дека земјоделците, кои и онака се соочуваат со проблеми поради неисплатени субвенции и ниски откупни цени, би можеле дополнително да бидат погодени доколку дојде до пренасочување на значителни водни ресурси.
Според него, огромната потрошувачка на електрична енергија од страна на дата-центрите може да го ограничи идниот индустриски развој во областите во кои би се граделе вакви центри.
„Дали тоа значи дека поради тоа што струјата ќе се троши повеќе и ќе поскапи и ќе зависиме од дополнителен увоз, по што оваа власт и тоа како добро е позната, имајќи предвид дека производствените капацитети во државата работат полошо од кога било во земјата и многу повеќе од кога било сме зависни од увоз на струја“,
рече Филипче.
Укажа и, како што рече, на фактот дека поради потрошувачката на дата-центрите нема да остане доволно електрична енергија за нови фабрики и други производствени капацитети.
„Дали тоа значи дека нема да има капацитет за ништо друго да се направи во околина на дата-центрите поради тоа што користат многу струја? Ќе може ли во околина на некој дата-центар да се изгради фабрика? И дали воопшто ќе има струја во тие фабрики?“,
праша тој.
Различните мислења во СДСМ се доказ дека сме демократска партија
Одговарајќи на новинарско прашање дали различните ставови за изградба на дата-центрите укажуваат на разногласие во СДСМ, по изјавата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски на таа тема, Филипче рече дека меѓу нив нема раскол.
„Раскол со Димитар Ковачевски немало по ниедна тема. Различните мислења се доказ дека сме вистинска демократска партија, каде секое мислење се цени и може да се каже во јавноста“,
додаде Филипче.
