Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (16 декември 2019 г.):
-Коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ во криза – реална или предизборна?
-Вкусете ја „Супата од пластика“ – зајадливо порачуваат еко-активистите. Во Македонија од 2021-та ќе се забрани употребата на пластичните ќеси;
-Жителите на скопско Горно Коњаре обвинуваат дека коритото на Пчиња наместо да се уредува, се уништува. Фирмата што копа тврди дека се е според проектот од државата;
-Интервју со Шари Брајан, потпретседателка на Националниот демократски институт
-По ставот на Бугарската академија на науките дека официјалниот јазик во Северна Македонија е писмено-регионална норма на бугарскиот јазик – кратко интервју со американскиот славист Виктор Фридман;
-„Саботажа“.