Погледнете го новото издание на емисијата ,,360 степени”, во кое гостува министерот за правда, емитувано на 10 декември 2021 г. на ТВ Алсат
Со министерот за правда, Бојан Маричиќ, разговараме за тоа што точно договорија премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во врска со предметите „Монструм“, „Алфа“, „Диво Насеље“, „Малиот Алмир“. Меѓу работите поради кои Алтернатива влегува во Владата се споменува и меѓународен ангажман за овие случаи, но во изминатите денови, наместо да стане појасно каков би бил тој меѓународен ангажман, состојбата дополнително се искомплицира. Маричиќ деновиве тврдеше дека е договорено од ЕК да се побара мониторинг на овие случаи, но во документ лиферуван од владината прес-служба пишува дека Заев и Гаши се согласиле да се побара меѓународна истрага.
Ја допираме и темата за најавената, па нереализирана посета на косовскиот заменик-министер за правда на осудените за „Диво Насеље“, за изборите за нов лидер на СДСМ, за блокираниот пристапен процес кон ЕУ…