САД први прогласија бојкот, како форма на критика и загриженост за човековите права во Кина
По САД и Австралија, и Велика Британија ќе ги бојкотира Зимските олимписки игри (ЗОИ).
Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска објави дипломатски бојкот на Олимписките игри и рече дека ниту еден министер од неговата влада нема да присуствува на настанот во Пекинг, во февруари идната година.
Први кои прогласија бојкот беа Соединетите Американски Држави, како форма на критика и загриженост за човековите права во Кина. По САД, и Австралија се приклучи кон бојкотот на ЗОИ.
Зимските олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, во периодот од 4 до 20 февруари идната година.