Асанж во САД се бара врз основа на 18 кривични пријава откако Викиликс во 2010 година објави илјадници доверливи податоци
Британскиот секретар за внатрешни работи Прити Пател потпиша наредба за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да се екстрадира во САД, пренесуваат Си-ен-ен и Гардијан.
Врховниот суд во Велика Британија порано донесе пресуда дека нема дилеми за тоа како американските власти ќе постапуваат со него.
Се очекува тимот на Асанж да поднесе жалба и да се фокусира на правото на слобода на изразување, односно за тоа дали барањето за екстрадиција е со политичка заднина.
Пател разгледуваше дали барањето за екстрадиција на САД ги исполнува преостанатите правни тестови, вклучувајќи го и ветувањето дека нема да биде убиен.
Асанж во САД се бара врз основа на 18 кривични пријава откако Викиликс во 2010 година објави илјадници доверливи податоци и дипломатски извештаи. Ако биде прогласен за виновен, на Асанж му се заканува казна до 175 години затвор.