Славниот тенор се обиде со музика да ја врати надежта, додека луѓето од целиот свет се затворени во своите домови, поради коронавирусот
Италијанската музичка икона Андреа Бочели одржа денеска концерт во празната катедрала во Милано на Велигден, додека луѓето низ целиот свет се затворени во своите домови, поради пандемијата на ковид-19.
Градот Милано упати покана до славниот тенор да пее за Велигден во прочуената катедрала. Видео-концертот, како што пренесува Еуроњуз, вклучува и кампања за прибирање финансиски средства за набавка на заштитна опрема за персоналот во болниците.
Милано е главен град на Ломбардија, најпогодената област од коронавирусот во Италија. Како што посочува Еуроњуз, само во Ломбардија има над 60 илјади случаи на ковид-19 и околу 10 илјади починати.