Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, се емитува вечерва (26 мај 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Со министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, разговараме за изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека партнерите во Владата подготвуваат редефинирање на државата во бинационален ентитет. Од друга страна, пак, се критиките од кругови во албанската заедница за најавите од работната група за уставни измени дека замената на „20 отсто“ со „албански јазик“ нема да биде на нејзин дневен ред. Османи го прашуваме и дали се размислува за предвремени избори наесен ако не се стигне до двотретинско мнозинство и зошто граѓаните сега би требало да веруваат дека се отвора „брза патека кон ЕУ“ (во контекст на желбата на ЕУ да ѝ го понуди тоа на Украина) по сите изневерени очекувања и неостварени ветувања. Тема се и проблемите во областите на владеење на правото, ефикасноста и независноста на правосудството, борбата против корупцијата. Со Османи ја отвораме и темата за состојбите во ДУИ и издржаноста на ставот на актуелното раководство дека со напуштање на состанокот на 1 април дел од фракционерите се „самоисклучиле“ од партиските органи.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ „Алсат“.