Партијата посочува дека само настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тодор Проески“, според нивните извори, чини најмалку еден милион евра, но ако на тоа се додадат трошоците за бината, озвучувањето, обезбедувањето, и другите придружни содржини, вкупната цена значително се зголемува
Со сите активности и настани по некои проценки, според СДСМ, вкупната сума достигнува до пет милиони евра. Прашањето, како што се додават во партиското соопштение, е како е донесена одлуката да се потрошат над пет милион евра
Наместо ароганција, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски има обврска да им каже на граѓаните колку чини прославата по повод 35 години од независноста. Ова е денешната реакција на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) откако вчера Бобан Милошески, сопственик на „Авалон продукција“, која ги организира на музичките настани во рамките на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на новинарско прашање зошто досега не е објавено колку чини настапот на ди-џејот Дејвид Гера, одговори: Дали ти изгледам јас како идиот?

Оттаму сметаат дека организатор на настан по повод 35 години од зависноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и не одговара на прашањето колку народни пари ќе се потрошат.
„Тоа е за секоја осуда. Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Влада на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста“,
се вели во партиското соопштение.
Според опозициската партија, власта го извалкала дури и денот на независноста, но тоа, како што додаваат е нивна одлика, која постојано ја истакнуваат.
„Дрскоста е одлика на оваа Влада, која својот народ го нарекува ‘талог‘ и вака се однесува. Колку ги чини граѓаните настапот на Дејвид Гета имате обврска да кажете“,
посочија од СДСМ.
Влада која својот народ го нарекува „талог“ вака се однесува.
Партијата посочува дека само настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тодор Проески“, според нивните извори, чини најмалку еден милион евра, но ако на тоа се додадат трошоците за бината, озвучувањето, обезбедувањето, и другите придружни содржини, вкупната цена значително се зголемува.
„Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до пет милиони евра. Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над пет милион евра. Граѓаните и јавноста очекуваат одговори“,
пишува во партиското соопштение.
Од СДСМ посочуваат и дека „Авалон продукција“, која е организатор на музучките настани по повод Денот на независноста е со блокирана сметка и е на листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП).
„Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер“,
прашуваат оттаму.
Инаку, сопственикот на „Авалон продукција“, Милошески на вчерашната прес-конференција беше прашан:
„Зошто досега не е објавена сумата на договорот, дали има клаузула што го спречува тоа?“
Тој, пак, на почетокот на одговорот, возврати со две контрапрашања.
„Дали ти изгледам јас како идиот? Јас кажав за што е пресот, имате да поставите прашање во контекст на пресот?“,
рече тој.
Дополнително, прашањето го оцени како провокација, бидејќи, како што додаде, повеќе пати било кажано кога ќе биде објавена финансиската конструкција за овогодинешната прослава на Денот на независноста.
Илјадници луѓе вчеравечер беа собрани во Градскиот парк во Скопје, каде што ги менуваа влезниците за настапот на Дејвид Гета со алки што ќе им бидат потребни за влез на стадионот „Тодор Проески“.
