Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (11 октомври 2021 г.) од 21:50 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ објавуваме:
-За првите искуства од Сеопфатно сексуално образование како изборен предмет во училиштата и гласната опозиција против негово воведување;
-Криза во енергетскиот сектор: Осум од вкупно 13 добавувачи на струја на „црната листа“ на Регулаторната комисија и повеќе државни компании со раскинати договори за набавка на електрична енергија;
-Може ли Шуто Оризари соодветно да се урбанизира и жителите да добијат легални домови – предизборна сторија од општината со доминантно ромско население;
-Сообраќајната инфраструктура и јавниот транспорт – што предвидуваат програмите на кандидатите за градоначалник на Град Скопје;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:50 часот на ТВ Алсат.