Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува градоначалничката на Скопје, се емитува вечерва (9 декември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Нема поспоменуван функционер на јавната сцена во овој период од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Во актулениот миг причината за тоа се протестите на приватните превозници во главниот град, а подолг период причина е раскинувањето на политичката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и тензичните односи на релација Данела Арсовска – Христијан Мицкоски. Таа нему шпицен градоначалник, тие нејзе – Тачела коалиција. А двострано – обвинувања за корупција. Сево ова е дел од вечерашново интервју со градоначалничката на Скопје. Со Арсовска разговараме и за тендерот за изградба на прочистителна станица во Скопје од каде почна ескалацијата во односите со ВМРО-ДПМНЕ, за набавката на мазут за потребите на ЈСП и зошто во новиот договор со „Пуцко Петрол“ нема рабат (попуст) за градското претпријатие, за ветувањето за бесплатен јавен транспорт и набавка на 250 еколошки автобуси, за судбината на БРТ (бас рапид транзит) – проект инициран од претходниот градоначалник Шилегов, за барањето што според Законот за слободен пристап им го пратила на градоначалниците на скопските општини…
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.