МВР информира дека поради митингот, чиј почеток е закажан за 20:30 часот, ќе се преземат мерки за посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на улиците по кои ќе се движат учесниците на настанот
Поради одржување на централниот митинг на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, вечерва за сообраќај ќе бидат затворени неколку сообраќајници во центарот на градот.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека поради митингот, чиј почеток е закажан за 20:30 часот, ќе се преземат мерки за посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Шефовите на изборната кампања на коалицијата „Вреди“ во саботата на прес-конференција кажаа дека го Град Скопје поднеле барање за одржување на централниот митинг на плоштад „Македонија“, но дека дотогаш не добиле одговор, па затоа решиле да го дислоцираат на плоштадот „Скендербег“.