Земјотресот е регистриран вечерва кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот Евија, со ист епицентар каде што рано утрово беа регистрирани три земјотреси
Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, е регистриран вечерва кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот Евија, со ист епицентар каде што рано утрово беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени.
Земјотресот, освен на Евија, почувствуван е и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Утрово во периодот од 6.30 до 7.30 часот утрово беа регистрирани три земјотреси од 4,7, 4,1 и 4,2 степени според Рихтер со епицентар во близина на Евија.