На затемнетата веб-страница на британското Кралство објавено е името на кралицата Елизабета Втора и годината на нејзиното раѓање и смрт
Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот британски монарх чие владеење траеше седум децении, почина во четвртокот на 96-годишна возраст, објави Бакингемската палата
Веб-страницата на британското Кралство се затемни по смртта на британската кралицата Елизабета Втора, откако таа почина на 96-годишна возраст во Балморал, Шкотска.
„Кралица Елизабета Втора (1926-2022)“,
објавено е на официјалната веб-страница на Кралството.
„Официјалната веб-страница на кралското семејство е привремено недостапна додека се прават соодветни промени“,
се наведува како објаснување на веб-страницата.
Освен објаснувањето, на затемнетата веб-страница на британското Кралство се наведувa:
„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и Консортот на кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“
Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајниот британски монарх чие владеење траеше седум децении, почина во четвртокот на 96-годишна возраст, објави Бакингемската палата, јави Си-ен-ен.