Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека денот започна без активни пожари во земјава. Вчера, пак, според информациите од регионалните центри за управување со кризи, пожари на отворен простор имало вкупно 10 и сите се изгаснати.
Два пожари имало во Скопје, каде што горела сува трева, пет пожари имало во Куманово, а горела сува трева и стрниште. Во Општина Врапчиште, како и во Валандово и Гевгелија е регистриран по еден пожар, а гореле сува трева, стрниште и напуштени лозја.
Насловна фотографија: илустрација/архива