Eден од полицајците бил прободен со нож, откако напаѓачот излегол од колата и се нафлил врз нив со ладното оружје. Тој веднаш бил застрелан
Полицаец почина по напад во Вашингтон, кога напаѓач удрил со автомобил во безбедносната ограда пред Капитол.
Според Јогананда Питман, в.д. шеф на полицијата на Капитол, еден од полицајците бил прободен со нож, откако осомничениот излегол од колата и се нафлил врз нив со ладното оружје. Тој веднаш бил застрелан од полицајците.
По инцидентот, Капитол е заклучен поради надворешна закана за безбедноста.
UPDATE: Here is the latest information. pic.twitter.com/GOVaMv8EXk
— U.S. Capitol Police (@CapitolPolice) April 2, 2021
На 6 јануари годинава толпа од гневни поддржувачи на претседателот Доналд Трамп насилно упадна во Конгресот, при што загинаа неколку лица, меѓу кои и еден полицаец. Во престолнината се уште забарикадирани улици во центарот на градот, по неколку месеци по насилните настани на 6 јануари.