„ЕУ е за Србија најважниот политички и економски партнер и сакаме земјата да ги исполни своите предизвици, вклучително и во областа на енергетската безбедност. Во исто време мораме да сметаме на Србија како искрен партнер и сојузник на Европа, кој стои со нас и со нашите заеднички вредности, безбедност и просперитет. Во рамките на актуелниот геополитички контекст, исто така, е јасно дека Србија мора да ги постави своите позиции во надворешната политика на иста линија со ЕУ, што подразбира декларации и санкции против Русија“, рече Вархеји во делот за напредокот на Србија.
Го препознаваме прогресот на Србија во одредени области, но мора да сметаме на неа како на искрен партнер на ЕУ и сојузник и земјата мора да ги постави своите позиции во надворешната политика на иста линија со ЕУ, што подразбира декларации и санкции против Русија, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји при презентацијата за напредокот на Србија кон членство ЕУ.
Вархеји посочи дека Белград продолжува со реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ и додаде дека од земјата се очекуваат поенергични напори околу слободата на изразување и имплементацијата на акцискиот план во делот на медиумите.
„Србија продолжува со реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ, вклучително и во областите на владеење на правото. По спроведениот референдум во јануари за уставна реформа, Србија сега работи на имплементација. Од особено значење е Србија да усвои легислатива согласно уставните измени во предвидените рокови. Исто така, го препознаваме прогресот во борбата против корупцијата, но очекуваме поенергични напори кога станува збор за слободата на изразување и особено имплементацијата на планот во делот медиумите . ЕУ е за Србија најважниот политички и економски партнер и сакаме Србија да ги исполни своите предизвици, вклучително и во областа на енергетската безбедност. Истовремено мораме да сметаме на Србија како на искрен партнер и сојузник на Европа, кој стои со нас и со нашите заеднички вредности, безбедност и просперитет. Во рамките на актуелниот геополитички контекст, исто така, е јасно дека Србија мора да ги постави своите позиции во надворешната политика на иста линија со ЕУ, што подразбира декларации и санкции против Русија“,
рече Вархеји во делот за напредокот на Србија.
Претходно денеска, пак, државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи Немања Старовиќ рече дека наместо извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија во евроинтеграцискиот процес да биде огледало за спроведените реформи во изминатата година, тој ќе биде одредена дисторзија во однос на тоа што треба да биде неговата суштина поради невоведувањето санкции на Србија кон Русија.
Кога станува збор за Црна Гора, пак, Вархеји рече дека таа треба да ги исполни критериумите од поглавјата 24 и 25 за прашањата за кои тоа досега не е направено. Во таа насока, тој ги наведе слободата на изразување и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. На Црна Гора, според презентацијата на Вархеји, ѝ е потребна и функционална јавна администрација која е од клучна важност за да може да се спроведат реформите. Позитивно, се оценува во извештајот, е што земјата се усогласува со заедничката надворешно-безбедносна политика.
Во однос на Албанија, еврокомесарот за проширување истакна дека станува збор за уште една земја (покрај С Македонија) која годинава започна преговори за членство во ЕУ.
„Албанија направи добар прогрес. Реформите во правосудството и ветинг-процесот кој продолжува да напредува со стабилно темпо се пример за добар прогрес. Земјата покажа посветеност на зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Албанија покажа целосна усогласеност со Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ“,
рече Вархеји.
Тој додаде дека кај Албанија се потребни натамошни напори во клучните области како владеење на правото, вклучувајќи ги реформата во правосудството, слободата на изразување и борбата против корупцијата, како и во областите за имотните права, малцинските прашања и слободата на медиумите.
Еврокомесарот во презентацијата на извештајот за Косово потенцираше дека земјата покажала политичка стабилност во текот на годината и властите продолжуваат да ја демонстрираат својата посветеност кон европскиот пат. Тој истакна дека ЕУ ги препознава напорите на Косово за зајакнување на демократијата и владеењето на правото и интензивираната борба против корупцијата
Во презентацијата на извештајот за Босна и Херцеговина, Вархеји наведе дека Европската комисија (ЕК) препорачува да ѝ се додели статус на земја кандидат, но за тоа има услови, односно одредени чекори кои мора да ги направи. Меѓу нив тој ги наведе уставните реформи, носењето за закони поврзани со правосудството и закон за спречување судир на интереси, да се покаже напредок во управување на границите и да се воспостави функционален систем за азил, како и да се зајакне слободата на медиумите итн. Вархеји во обраќањето пред Комитетот рече дека Европската комисија очекува дека по изборите во Босна и Херцеговина ќе се формираат институциите и ќе почнат да работат на спроведување на реформите.