„Од наша страна неуморно работевме на таа цел – па затоа сум многу среќен што конечно гледам дека земјите членки исто така почнуваат да се движат и да се мобилизираат политички и се подготвени да инвестираат политички за да имаат нови членки на ЕУ до 2030 година“, рекол Вархеји на прес-конференцијата во Анкара со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пренесува „Политико.еу“
Ова, како што наведува порталот, е отстапување од официјалната линија на Европската комисија дека проширувањето на ЕУ е „процес заснован на заслуги“, без официјален датум за негово завршување, што го отвора прашањето за внатрешно единство на извршната власт на Унијата во врска со оваа клучна тема
Еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји, го поддржа ставот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека до 2030 година Унијата треба да биде подготвена за прием на нови земји членки, пишува „Политико.еу“, наведувајќи дека тој е во спротивност со позицијата на шефицата на Вархеји – претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Според пишувањата на порталот, еврокомесарот Вархеји не се согласува со ставот на Европската комисија дека не треба да има датум одреден како цел за проширувањето на ЕУ, што го отвора прашањето за внатрешното единство на извршната власт на Унијата во врска со оваа клучна тема.
Осврнувајќи се на временската рамка за проширување, предложена од Шарл Мишел, еврокомесарот Вархеји вчера за време на посетата на Анкара рекол дека Комисијата треба да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година.
„Од наша страна неуморно работевме на таа цел – па затоа сум многу среќен што конечно гледам дека земјите членки исто така почнуваат да се движат и да се мобилизираат политички и подготвени се да инвестираат политички за да имаат нови членки на ЕУ до 2030 година“,
рекол Вархеји на прес-конференцијата во Анкара со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Ова, како што повторно наведува порталот понатаму во кратката вест, е отстапување од официјалната линија на Европската комисија дека проширувањето на ЕУ е „процес заснован на заслуги“, без официјален датум за негово завршување.
Вархеји не е првиот висок функционер на ЕУ кој поддржува поамбициозна временска рамка за проширување на ЕУ, наведува „Политико.еу“.
Инаку, еврокомесарот Вархеји уште пред една недела го поздрави ставот на Шарл Мишел, додавајќи дека Европската комисија отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што ќе нè доведе до проширување во 2030 година.
Минатата недела, односно на 28 август, претседателот на Европскиот совет во својот говор на Бледскиот стратешки самит, на кој присуствуваше и владина делегација на С Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, порача дека до 2030 година, двете страни – ЕУ и земјите кандидатки – мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија.
„Да, верувам дека вака сега треба да ги нарекуваме земјите со потврдена ЕУ-перспектива, идни земји членки. Време е да се соочиме со предизвиците со јасност и искреност. Патот кон ЕУ за Западен Балкан започна пред повеќе од 20 години. Самитот во Солун, во 2003 година, ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Но, бавното темпо на ова патување во ЕУ разочара многумина. И во регионот… и во ЕУ. Се согласувам со канцеларот Шолц кога вели дека Европа мора да ги исполни своите ветувања. Така што сега проширувањето веќе не е сон. Време е да се оди напред. За да бидеме веродостојни, верувам дека мора да зборуваме за времето и домашните задачи. И јас имам предлог. Додека ја подготвуваме следната стратешка агенда на ЕУ, мора да си поставиме јасна цел. Верувам дека мора да бидеме подготвени – од двете страни – до 2030 година за проширување. Ова значи дека следниот долгорочен буџет на ЕУ ќе треба да ги вклучи нашите заеднички цели. Ова е амбициозно, но неопходно. Тоа покажува дека сме сериозни“,
истакна претседателот на Европскиот совет во својот говор, додавајќи дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за проширувањето на некои од следните состаноци на Советот.
Ден по неговиот говор, портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, одби да ја коментира изјавата на претседателот на Европскиот совет, уште еднаш повторувајќи оти проширувањето на Унијата е процес заснован на заслуги, а дека кандидатите треба да влезат во ЕУ кога ќе бидат подготвени за тоа.
„Можам да го истакнам нашиот став и нашата визија за проширување и како најдобро да се управува со процесот. За нас, суштината е дека проширувањето се заснова на заслуги и треба да остане засновано на заслуги“,
нагласи портпаролката на ЕК.
Повод за дополнителни шпекулации во однос на единството во Унијата околу прашањето за проширувањето поттикна и изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, дадена истиот ден со онаа на Шарл Мишел, но на различен настан. Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори рече дека ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето.
Изјавите на двајцата високи европски политичари беа оценети како контрадикторни и од дел од политичкиот спектар во земјава, меѓу кои и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што излегоа со став дека тоа е потврда дека нема гаранции за патот на земјата кон ЕУ.
Со објаснувања дека не станува збор за спротивставени изјави излезе француската министерка за Европа, Лоренс Бун, која на една од панел-сесиите на самитот во Блед рече дека проширувањето на ЕУ е можно и пред 2030 година, но она што е потребно се реформи во самата ЕУ и кај земјите кандидатки.
На ова прашање вчера се осврна и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, во интервју за ТВ Сител.
„Точно е дека претседателот (на Европскиот совет, Шарл Мишел н.з.) ја спомена 2030 година (за следно проширување на ЕУ со нови членки н.з.), и самиот претседател Макрон секогаш ја подвлекува важноста на проширувањето од перспективата на напредокот, стабилноста и безбедноста. Она што постојано ме изненадува е тоа како оние што коментираат, успеваат позитивните шанси кои се презентираат, да ги претворат во нешто сосем спротивно, црното станува бело, а белото црно. Ова е шанса, ова е јасна порака до земјите кандидатки дека ги сакаме внатре, дека ја сакаме оваа земја, Северна Македонија во ЕУ, еве ви можност, тоа е планот“,
рече евроамбасадорот Гир.
