Брисел би можел да ги продолжи разговорите со Албанија за членство во ЕУ дури и во време кога преговорите со С Македонија се во застој, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји за Еуроњуз.
Процесите за пристапни преговори на С Македонија и Албанија за членство во ЕУ отсекогаш биле „во пакет“, но сега С Македонија е блокирана од страна на Бугарија, па ова може да доведе промени, сугерира Вархеји.
„Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека немаме успех во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за зедничко решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“,
рече Вархеји.
На прашањето дали формално „раздвојување“ е опција, тој одговори: Да, возможна е таа опција.
Вархеји, пред два дена при посетата во земјава по повод пристигнување на првите вакцини против ковид финансирани од ЕУ, зборуваше за евентуалната можност да се одвојат процесите за С Македонија и Албанија во пристапувањето кон ЕУ.
„Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји“,
рече Вархеји.