Како што објави МИА од Брисел, бројни дипломати минатата година брифираа дека еврокомесарот Вархеји поднел предлог за решавање на спорот кој одел во прилог на бугарската страна, поради што тој не бил прифатен ниту од Скопје, ниту од тогашното германско претседателство со Унијата, ниту од повеќе земји членки на ЕУ
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска одби да каже дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија.
На прес-конференцијата посветена на јужното соседство на ЕУ, тој кусо искоментира само дека Европската комисија се надева дека почетокот на преговорите со Северна Македонија ќе се „деблокираат што е можно побрзо“, јави МИА од Брисел.
Земјава од минатата година е блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговори со ЕУ, поради билатерален спор.
Бројни дипломати минатата година брифираа дека еврокомесарот Вархеји поднел предлог за решавање на спорот кој одел во прилог на бугарската страна, поради што тој не бил прифатен ниту од Скопје, ниту од тогашното германско претседателство со Унијата, ниту од повеќе земји членки на ЕУ.