Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доби и втор негативен тест за коронавирус, по што излезе од изолација, во која беше по посетата на Западен Балкан.
„Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни“,
објави Вархеји на Твитер.
Тој беше во самоизолација откако еден член на неговиот тим, со кој патувал во посета на Западен Балкан, бил позитивен на тестот за ковид-19.