Овој потег следи по неодамнешните случаи на епидемија од ковид -19 во некои италијански болници за кои се верува дека се поврзани со здравствениот персонал кој одбивал да се вакцинира
Од денеска, здравствените работници и фармацевтите во Италија мора да примат вакцина против ковид-19 или нема да добијат плата, објави Гардијан.
Владата на Марио Драги одобри задолжително вакцинирање „за да се заштити што е можно повеќе медицински и болнички персонал, како и оние кои работат во средина каде што е под ризик од зараза“.
Овој потег следи по неодамнешните случаи на епидемија од ковид -19 во некои италијански болници за кои се верува дека се поврзани со здравствениот персонал кој одбивал да се вакцинира.
Законот ги обврзува јавните и приватните здравствени работници, како и фармацевтите, да се вакцинираат или ризикуваат да им бидат намалени платите, па дури и да не бидат исплатени во следните осум месеци.
Во март, судија во провинцијата Белуно во регионот Венето ја отфрли жалбата на 10 здравствени работници кои дне добија плата, туку отказ од два дома за стари лица во февруари, откако одбија да се вакцинираат.
„Ефикасноста на вакцината во спречувањето на негативниот развој на болеста предизвикана од вирусот е широко позната, за што сведочи драстичното опаѓање на смртните случаи меѓу категориите што можат да имаат корист од тоа, како здравствените работници и штениците во домовите за социјална грижа“,
напиша во својата одлука Ана Травија.
Италија, исто така, воведе закон со кој се заштитува медицинскиот персонал кој вакцинира против ковид, од одговорност доколку пациент почине откако прими вакцина. Мерката беше воведена по истрагата за убиството без умисла, по смртта на еден Сицилијанец откако прими вакцина против ковид-19.
Министерот за здравство Роберто Сперанца рече дека програмата за вакцинација на Италија дала „видливи резултати“ во областите каде што администрацијата била најголема, како што се болници и домови за стари лица.
Заклучно со денеска, повеќе од 10 милиони луѓе во Италија ја примиле првата доза, од кои 3,1 милиони ги примиле двете дози.