На дневен ред на седницата, која ќе започне точно на пладне во кабинетот на претседателот, ќе бидат безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион
Шефот на државата Стево Пендаровски за в среда (1 ноември) закажа седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата, која ќе започне точно на пладне во кабинетот на претседателот, ќе бидат безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.

Покрај членовите на Советот за безбедност, како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на седницата ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски, и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.
Свикувањето на Советот на безбедност доаѓа во период на сè уште активната војна во Украина, но и по неодамнешните тензии на северот на Косово и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.